Ана Брнабич: Србија има клучна улога за развој на односите со поранешните југословенски републики

од Vladimir Zorba
209 прегледи

Идната премиерка на Србија Ана Брнабич го претстави пред пратениците во Собранието експозето и предлог за состав на новата влада.

Брнабич посочи дека економскиот развој, дигитализацијата и образованието ќе бидат клучни приоритети за кабинетот. Продолжувањето на европската интеграција, на реформите и надворешната политика ќе бидат во опсегот на активностите на новата влада, рече мандаторот. Во излагањето Брнабич истакна дека новата влада ќе работи тимски, ќе застанува зад одлуките со достоинство. Покрај тоа, Брнабич изрази надеж дека резултатите од активностите на следната влада нема да бидат игнорирани од оние кои се спротивставуваа на нејзиниот избор.

“Чест е да се служи на Србија со стремеж земјата да се менува на подобро”, рече Брнабич во својот говор и увери дека продолжува врз солидна основа, оставени од владата на Александар Вучиќ. Брнабич рече во заклучокот дека “овој пат Србија ќе ја искористи својата шанса”. Таа исто така изјави дека Србија  измина  долг пат за обновување на добрите односи со поранешните југословенски републики и во тоа, Србија  имала клучна улога, а оттука натаму на неа паѓала најголемата одговорност за развивање на овие односи.