Евростат: Шест отсто од жителите на ЕУ се чувствуваат осамени

од Vladimir Zorba
134 прегледи

  Околу шест отсто од возрасните лица во Европската Унија се чувствуваат осамени и нема со кого да ги споделат личните проблеми, покажува истражување на Евростат направено во 2015 година.

Според податоците за Бугарија, за споредба, просечно околу четири отсто од жителите на земјата се чувствуваат осамени и сметаат дека нема од кого да побараат помош.

Тоа се околу 250.000 бугарски граѓани, од кои повеќетто живеат во селски средини, јави БТА.

Податоците од последниот попис во Бугарија пак, велат дека има тенденција и за зголемување на бројот на семејства без деца, како и на едночлени домаќинства.