Доживотните затворски казни на осудените во „Монструм“ пред Врховниот суд

од Vladimir Zorba
90 прегледи

 Врховниот суд за денеска ја закажа јавната седница на која треба да бидат разгледани жалбите на шестемина осудени на доживотни затворски казни во случајот „Монструм“, односно за петкратното убиство кај Смилковско езеро.

Седницата, како што соопшти судот, ќе биде јавна, а ќе се одржи во големата сала на Врховниот суд.

Судот претходно двапати ја одложи оваа седница, која првин требаше да се одржи на 30 мај, па беше презакажана и повторно одложена на 9 јуни, бидејќи дел од адвокатите на обвинетите беа на боледување.

Судот на претходното рочиште прифати да ги побара и да ги земе во предвид доказите на обвинителите од Специјалното јавно обвинителство, кои на прес-конференција истакнаа дека водат предистражна постапка за случајот „Монструм“.

Седницата е закажана откако одбраната пред повеќе од една година ја обжали пресудата на Кривичниот и на Апелациониот суд.