Јапонец ја пронајде својата среќа со куклата Маја

од desk2
86 прегледи

Откако исчезнала љубовната искра од брачниот живот на Масајаки Озаки, тој пронашол невообичаен начин да ја пополни празнината – силиконска секс кукла. Сега се колни дека тоа е љубовта на неговиот живот.


Куклата наречена Маја е под ист покрив со него, со неговата сопруга и со неговата ќерка во Токио. Неговата нова врска предизвикала многу критики во семејството.
„Откако жена ми роди престанавме да имаме сексуални односи и се чувствував многу осамено“, вели 45-годишниот физиотерапевт во интервју за AFP.

Додава дека ја видел Маја на изложбен салон и дека тоа била љубов на прв поглед.
„мојата сопруга збесна кога прв пат ја донесов Маја дома. Се уште не и е пријатно нејзиното присуство“, вели тој.
Додава дека неговата ќерка побегнала кога сфатила дека тоа не е голема Барбика.

„Сега е доволно стара да позајми облека од куклата“, се смее Озаки.
Смета дека јапонските жени се со студени срца додека тој ја шета куклата.