Мег Џонсон, на која пред седум години успешно и беше трансплантирано срце, почина неколку часа по породувањето, иако не покажувала никакви знаци на болест.

Триесет и едногодишната Мег ја роди ќерката Ели Кејт во медицинскиот центар на Универзитетот Вандербилт во Нешвил во вторникот во 14.40 часот. На породувањето присуствувал нејзиниот сопруг Нејтан. По породувањето како што пишува Independent, Мег и Нејтан со часови седеле и разговарале. Ја држеле штотуку родената ќерка Ели Кејт и поставиле фотографија на Инстаграм.
„Среќен роденден Ели Кејт Џонсон. Меган се чусвтвува одлично. Нејзиното срце совршено работеше цело време, а Ели ни дојде брзо. Јас сум богат човек“, напиша Нејтан.
Меѓутоа, околу девет часот утрото Меган рекла дека се чувствува лошо, а лекарите рекле дека не можат да ја спасат. Починала пред десет часот.
Иако, Меган пред седум години имала трансплантација на срце поради миокардитис(воспаление на срцевиот мускул), лекарите не веруваат дека тоа е причина за нејзината смрт. Додека се обидуваат да ја дознаат причината за нејзината смрт, пријателите на семејството покренаа кампања за собирање парична помош за Нејтан и Ели.
„Нејтан е скршен од болка. Не постојоат зборови за ова и затоа нема ни да кажам збор повеќе. Нејтане прекрасен човек и неверојатен татко. Многу ја сака својата ќерка“, вели Џош Вилсон, пријател на Нејтан.
Нејтан е музичар и продуцент, а собраните пари треба да му помогнат да се снајде со новородената ќерка во следните шест месеци.