Модерната технологија го оневозможува истражувањето на вселената

од desk2
89 прегледи

Чиповите кои се наоѓаат во речиси сите модерни уреди, а овозможуваат нивно поврзување на интернет, им задаваат главоболки на научниците кои ја истражуваат вселената.


Астрономите кои сакаат да ја истражуваат вселената се потешко откриваат вонземни сигнали поради преголемата бука на Земјата.

Повеќето уреди кои ги користиме на Земјата го користат истиот спектар на радио фреквенции како што може да се пронајде во вселената. Заради тоа научниците повеќе не можат да разликуваат дали сигналот допира од Марс или од Струмица, каде некој ја вклучил климата преку Wi-Fi приемник.

Покрај се повеќе безжични удери кои комуницираат меѓу себе преку радио бранови, спектарот станува премал.
Некои фреквенции се резервирани за радиоастрономијата, додека останатите дури 29 сервиси се за радио и телевизија, мобилни мрежи, па до спектарот за итни служби. Проблем е што, кога се работи за поедини технологии, не е потребно да се бара дозвола за користење одредена фреквенција, што доведува до бука во воздухот.

Бидејќи фреквенциите од 1.000 гигахерци па нагоре веќе се пополнети, научниците се свртеа кон спектарот меѓу 275 и 450 гигахерци. Така големиот телескоп Алма, во Чиле кој е стар неколку години, го користи тој спектар. Но, и модерната технологија почна да ги открива тие пониски фреквнции.

Научниците предупредуваат дека телескопот ќе биде бескорисен доколку уредите масовно го користат тој понизок спектар.
Но, тие не сакаат да им го забранат тој спекар на индустријалците, туку да соработуваат за да се намалат пречките.