ВМРО ДПМНЕ шири лажни вести-Има анкетене лист за отчетност од Поповски!

од Vladimir Zorba
98 прегледи

Лажна е информацијата изнесена на денешната прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ, во врска со анкетниот лист на министерот Роберт Поповски, задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност.

Во интерес на вистината и отчетноста, ја информираме јавноста дека министерот Поповски достави анкетен лист до Државната комисија за спречување корупција и до Управата за јавни приходи на 28 јуни 2017 година, а за тоа приложуваме писмен доказ од приемот на документот во архива.

Транспаретноста и отчетноста се едни од основите приоритети на Владата на Република Македонија, навиките на претходната влада се минато коe нема да се повтори., се вели во реакцијата од минстертвото на Поповски на тврдењето на ВМРО ДПМНЕ дека истиот не дал анкетен лист до Антикорупциската комисија.