Одземени пасошите на Мијалков и Грујевски

од Vladimir Zorba
82 прегледи

 СЈО денеска речиси сите одлуки на Кривичниот совет ќе ги обжали пред Апелацискиот суд.

Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје ги отфрли предлозите на СЈО за определување мерка притвор против обвинетите С.М., Г.Г., Н.Н., Т.Ј. и Н.Б., за случаите во јавноста познати како „Таргет“ и „Титаник“.

Како што се вели во денешното соопштение, на С.М., Г.Г. и Н.Н. и Н.Б. и Е.Џ.,  им се определуваат мерки на претпазливост – еднаш неделно да се јавуваат на надлежно службено лице во судот и привремено им се одземени пасошите и забрана за издавање нова патна исправа, додека за обвинетиот Т.Ј. – обврска еднаш неделно да се јавува на надлежно службено лице во судот.

 Против овие решенија, странките имаат рок за жалба од 3 дена до Апелациониот суд.

Во однос на вториот предлог кој до судот беше доставен на 30.06.2017 година, откако одлуките ќе бидат писмено изработени и доставени до странките, јавноста ќе биде известена во текот на денешниот ден.

Ивица Стефановски и Горан Бошевски се судиите кои одлучуваа по барањата за притвор поднесени од Специјалното јавно обвинителство за случаите „Титаник“ и „Таргет и Тврдина“. Стефановски е судијата којшто не дозволи претрес во станот на Горан Грујовски, осомничен во „Тврдина“.

Кај Бошевски веќе се предметите „Транспортер“, „Трезор“ и „Тенк“.

Стефановски во јавноста стана познат по случајот „Монструм“  и судењето на Јован Вранишковски којшто во домашните и меѓународни извештаи за човековите права имаше третман на полички затвореник и ги отвори прашањата со религиските слободи во земјава.

СЈО денеска речиси сите одлуки на Кривичниот совет ќе ги обжали пред Апелацискиот суд.