Пожари на Пелопонез

од Vladimir Zorba
73 прегледи

  Два големи пожари горат во областите Пирихос и Парасирос на Пелопонез.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, локалните власти соопштија дека во пожарите, кои зафатиле населени места, се оштетени неколку куќи, а противпожарната бригада прави големи напори за да ги изгасне.

Во Пирихос работат 30 пожарникари со 12 возила, додека во Парасирос гасат 66 пожарникари со 33 возила.

Во меѓувреме, пожарот во Маратон утрово делумно е ставен под контрола, соопшти противпожарната бригада.