Турција во независен Курдистан гледа малку незгоден сојузник

од Vladimir Zorba
118 прегледи

 Беше мај 2015 година кога турски новинари го прашаа претседателот Реџеп Тајип Ердоган во однос на веројатноста Ирачки Курдистан да објави независност.

– Тоа е нешто кон кое треба да се однесуваме како внатрешен проблем на Ирак. Ако Ирак внатрешно реши да ја подели државата, тоа е внатрешно прашање за нив, рече Ердоган.

Турските медиуми тогаш нашироко го интерпретираа тоа како зелено светло за независноста на Курдистан.

Две години подоцна, Ердоган сега вели дека е тажен заради одлуката на регионалната влада на ирачки КУрдистан да спорведе референдум за независност.

– Тоа е погрешен чекор. Се надеваме дека тој чекор се планира со консултации како што го правевме тоа во минатото. Не е од корист за никого во овој критичен момент, рече тој, имајќи ја предвид изјавата на Стејт департментот на САД по тоа прашање.

Зошто односите се сменија?

Прво, внатрешната политика на Турција игра серизона улога во однос на тоа. Во 2015, имаше функционален мировен процес меѓу Турција и ПКК, која САД и ЕУ ја сметаат за терористичка организација. Но за само два месеци, ПКК одлучи да стави крај на примирјето и започна граѓанска војна во турските сили за безбедност.

Второ, сирискиот огранок на ПКК, Партијата на демократската унија, ја прошири својата територија покрај турската граница и сега достогна недалеку на југ до Рака. Пред крајот на примирјето, Силите за заштита на народот беа проблем кој Анкара можеше да го контролира. Но сега, кога Силите за заштита на народот добиваат дури и поголема американска поддршка, тие веќе контролираат големи територијални површини и сонуваат за создавање на полунезависна држава.

Сето тоа е поврзано, делумно заради политиката на Анкара да му се наметне на курсдкиот лидер Масуд Барзани како медијатор во нејзиниот сопствен мировен процес. Турција исто се надева на ненаклонетоста на Барзани кон ПКК и Силите за заштита на народот на начин кој соодветсвува со нејзините национални интереси.

Но, она што може да се каже дека е очигледно, е дека Курдистан стигна до таа идеја за независност благодарение на енергичната политика на Турција во Ирак.

Извештајот „Независен играч: Турската надворешна и енергетска политика кон Русија, Иран и Ирак“, објавен од Атланскиот совет минатиот месец, обопштува како турскиот избор во спорот меѓу Багдад и Ербил во продажбата на нафта ја засилува конкретната економска незавиност. Турската влада инвестира во нафтените полиња на Курдистан, и за разлика на Багдад директно договараше енегретски зделки со Курдистан.

Со отварање на ексроу сметка во државната турска „Халк банка“, за разделување на приходите од целиот ирачки нафтен извоз меѓу Багдад и Ербил, Турција му обезбеди на Курдистан директен достап до приходите од нафтата, без да минува преку централното управување. Во извештајот се заклучува дека енергетската политика на Турција во Ирак и дава на Анкара посилна позиција во ирачките внатрешни работи, но исто и помага во понатамошната децентѕрализација на државата.

Во тој смисол, независен Курдистан може да ја преземе од Турција речиси целата контрола врз тие продажби на нафта. Бајан Сами Абдул Рахман, претставникот на властите на Курдистан во САД, изјави дека ако независноста помине мазно, Курдистан може да го потпише економскиот договор со Баград.

Курдистан исто може да преговара за вклучување кон јужниот нафотовод, врз кој Турција нема контрола. Сигурно дека Ирак би го признал Кудристан, и иако теоретски, ќе ја превезува курдската нафта кон меѓународните пазари.

Друг проблем за Анкара може да биде смената на раководството на идниот Курдистан. Иако Анкара е блиска со Демократската партија на Курдистан на Бразани, не е многу јасно дали тие тесни врски ќе продолжат меѓу владата на Ердоган и Патриотскиот сојуз на Курдистан. И девет политички формации имаат позитивен однос кон ПКК, како и со силни врски со Иран. Во независна држава, тие имаат повеќе слобода на дејстување спрема турската политика.

Но, сепак има берем уште нешто што може да е корисно за Турција. Абдула Рајман, претстаникот на Куридистан во САД рече дека нема да објават еднострана независноост на Курдистан.

– Ако помине референдумот, ќе и даде мандат на владата. Не сакаме да објавуваме ништо еднострано. Сакаме дијалог со Багдад. Договорено уредување на ова прашање, рече тој.

Освен тоа, тој ја повика Турција да се фокусира на потенцијалните користи кои можат да произлезат од независниот сојузник во иднина.

И сепак не можам да престанам да мислам на наглиот пресврт во турската политика. Пред 15 години, имаше турска дражава која сакаше да тргне во војна проитв Курдистан, ако ирачките Курди прогласеа независност. Сега турската Влада единствено искажува критики против тој смел чекор и тоа ја покажува взамената зависност меѓу Ербил и Анкара.

Дејли Сабах – Истанбул