Охрид не запир да се тресе- пет земјотреси ноќеска

од Vladimir Zorba
105 прегледи

Пет земјотреси со умерен до посилен интензитет се почувствуваа во текот на ноќта во Охридскиот регион. Најсилниот, од 4,1 степен според Рихтер беше регистриран 5 минути по полноќ. Последниот, регистриран утринава во 6 часот и 29 минути беше со интензитет од 3,8 степени.

Едноставно кажано тлото во  охридско  не се  тсмири и оваа ноќ. Другите три земјотреса помеѓу најсилните беа во 1.16, 1.37 и 3.02 часот, во распон од 2.9 до 3.2 степени.

Директорот на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС ) Михаил Гаревски вели дека во моментов Охридското епицентрално подрачје е  најактивно во Европа.

„Ваков вид земјотреси се нарекуваат„ роеви“ оти ги има многу, а охридското подрачје во моментов доминира во Европа со најсилна активност, вели директорот Гаревски.

ВО Сеизмологијата „роевите  земјотреси“ се јавуваат вообичаено како афтершокови на некој поголем земјотрес, но знаат и да бидат исто така претходница или показа за сериозна сеизмолошкака активност.

КОлку за илустрација по минатогодишниот силен земјотрес во Италија, регистрирани се уште 4-5.000 земјотреси.