Евакуиран терминал на аеродромот во Манчестер поради сомнителна торба

од desk2
88 прегледи

Терминалот 3 на аеродромот во Манчестер, Велика Британија, е евакуиран и детално пребаран откако е откриена сомнителна торба, пренесува Independent.


„Поради потенцијален проблем со торба на третиот терминал наредена е евакуација, а во тек се понатамошни изтраги“, стои на официјалниот Twitter профил на овој аеродром.

Полицијата потврди дека одделението задолжено за наоѓање бомби е на аеродромот по повикот за пријавена сомнителна торба.

Аеродромот во Манчестер е трет најголем во земјата, а низ него годишн поминуваат 22 милиони патници. Евакиураните патници изразија загриженост дека нивните летови може да бидат откажани.

Еден ден порано беше евакуиран и терминал на аеродромот „Хитроу“ поради како што се покажа, лажна дојава.