СЈО со 20 жалби против решенијата на Кривичен

од Vladimir Zorba
91 прегледи

 Специјалното јавно обвинителство поднело жалби на 20 решенија на кривичните совети со кои беа одбиени барањата за притвор или мерки за претпазливост и определени поблаги мерки. 

Како што информираат од СЈО, обжалени се одлуките за неизрекување на притвор за обвинетите во предметите „ТНТ“, „Триста“, „Тендери“, „Траекторија“, „Тотал“ и „Титаник 3“ со кои наместо притвор на обвинетите меѓу кои поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, екс министерката за култура Канческа Милевска, градоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски, новинарот Драган Павловиќ Латас, Кривичниот совет им ги одзеде пасошите.

СЈО поднело жалби и за ублажување на мерките кои ги барале за обвинетите во „Тортура“, како и за целосното одбивање на предложените мерки за „Титаник 2“.

Се очекува во текот на денов да бидат поднесени жалбите за предметите „Тврдина“ и „Таргет“, односно за одбивањето на барањата за притвор за екс директорот на УБК Сашо Мијалков и за поранешниот началник на петтата управа Горан Грујевски на кои Кривичниот совет одлучи да им ги одземе пасошите.

Жалбата за „Титаник“ и одбивањето на барањето за определеување на притвор за врвот на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде поднесена најверојатно утре.

Жалбите СЈО ги поднесува до Апелациониот суд кој има рок од два дена од приемот да донесе одлука.