Анти македонско-бугарските сили се активираат против добрососедството на Скопје и Софија!

од Vladimir Zorba
111 прегледи

  Европратеникот Ангел Џамбаски од партијата ВМРО-БНД на актуелниот вицепремиер и министер за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов, во официјално прашање доставено до Европската комисија бара Комисијата, како неформална Влада на ЕУ да нареди „итен прекин на ‘доктрината за антиквизација’“ во Македонија, односно во ПЈРМ, како што тој ја ословува македонската држава.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел,На почетокот на неговото прашање до Еврокомисијата, (линк до прашањето (http://www.europarl.europa.eu/RegData/questions/ecrites/2017/003967/P8_QE(2017)003967_EN.pdf), европратеникот Џамбаски наведува дека „по долг и тежок период на политичка дестабилизација и длабока криза, во поранешната југословенска Република Македонија (ПЈРМ) е формирана влада.

Притоа, бугарскиот пратеник во Европскиот парламент додава дека „Бугарија ја поддржува ПЈРМ на нејзиниот пат кон европската интеграција“, но дека, според него „загрижува фактот што некои прашања кои се исклучително важни за регионот не беа покренати или дискутирани за време на состанокот на еврокомесарот Хан  со премиерот Зоран Заев“, при посетата на Скопје.

– Овие прашања се однесуваат на добрососедските односи и на однесувањето. Убеден сум дека ова треба да биде првиот чекор кон пристапувањето во ЕУ. Дали Комисијата инсистира да биде потпишан договорот меѓу ПЈРМ и Бугарија како услов за пристапување во ЕУ? Дали ќе инсистира на тоа дека доктрината за „антиквизацијата“ ќе биде прекината со непосреден ефект, бидејќи тоа им штети на односите меѓу ПЈРМ и нејзините соседи, а истовремено и ги оневозможува изгледите на земјата за пристапување во ЕУ?, се вели во официјалното прашање на бугарскиот европратеник до ЕК.

Ова свое право како член на Европарламентот, Ангел Џамбаски редовно го користи за Европската комисија да ја прашува најмногу прашања поврзани со Македонија, при што за цело време инсистира на притисоци од Брисел врз македонската држава, а поврзани со прашања за кои Македонија и Бугарија преговараат да бидат надминати преку т.н. договор за добрососедство. На посоченото прашње, како што тој наведува, очекува Еврокомисијата да му одговори по писмен пат.

Џамбаски, идната недела на 11-ти јули (вторник), во просториите на Европскиот парламент во Брисел, организира „кратка дискусија за актуелните случувања во ПЈРМ и нејзиниот процес на интеграцијаво ЕУ“. Притоа, наведува дека говорници на оваа округла маса ќе бидат „двајца истакнати научници од Македонскиот институт за наука – Георги Николов и Володја Милачков“. Посочените научници, според приложените биографии, се Бугари, од Софија, а „Македонскиот институт за наука“ е бугарски, со седиште во Софија и нема врска со Република Македонија и со научници, историчари и професори од македонската држава.

ВМРО-ДПМНЕ: Институциите да ги осудат антимакедонските изјави на официјални лица од Бугарија

Во овој пакет алармира и сега опозиционата ВМРО ДПМНЕ која вината ја насочува кон владата ан Зоран Заев и бара реакција на неговите министри.

– Јавно и без срам во еден од своите настапи еден европратеник и еден директор на државна институција директно го навредуваат македонскиот народ, а од македонска страна нема никаква реакција. МАНУ упорно молчи на вакви суштински прашања, и отвора простор за нови напади и нови омаловажувања од страна. На ваквите напади каде е во прашање и угледот на државата, Министерството за надворешни работи не реагира, се брани со молк, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ додавајќи дека МНР има обврска да го штити угледот на државата и македонскиот народ.

Според партијата, последен е нападот врз највисоката научна установа, која од директорот на Националниот историски институт во Бугарија била претставена како инструмент во рацете на Заев и не смее да се впушти во коментари на договорот кој е постигнат во Софија, особено на најавите за бришење на учебниците или тврдењата дека Македонија и Бугарија имаат заедничка историја