Франција до 2040 година ќе ги забрани возилата на бензиски и дизел мотори

од desk2
117 прегледи

Францускиот министер за животна средина Николас Уло, најави дека Франција до 2040 година ќе ги забрани сите возила кои се движат на бензиски и дизел мотори за да почне да се користи чиста енергија и да ги исполнат критериумите од Парискиот договор.


Новиот министер откри низа мерки кои планираат да ги преземат како дел од планот на претседателот Емануел Макрон за до 2050 година Франција да биде земја ослободена од штетниот јаглен.

Тој е свесен дека тоа ќе биде удар за франсцуската автомобилска индустрија, но уверен е дека работи на проект кој може да го исполни ветувањето.

Планот предвидува и сиромашните семејства да добијат помош за да можат да да ги заменат своите штетни возила со поздрава алтернатива.

Тој посочи и дека Франција ќе престане до 2022 година да користи јаглен за производство на електрична енергија.
Освен Франција, ваква одлука претходно донесоа и Холандија и Норвешка, кои од штетните возила сакаат да се ослободат до 2025 година, како и Индија и Германија по чии улици еколошки воизла треба да возат до 2030 година.