Бакнежот има свој светски ден и тој се слави на 6 јули. Светскиот ден на бакнежот се прославува од 1988 година. За значењето на бакнежот се изречени многу нежни и мудри објаснувања. Бакнежот на двајца вљубени е во основата на творештвото на најголемите музичари, уметници, но и на многу научници. Во светот постојат различни легенди за појавата на бакнежот.
Според една од нив бакнежот е измислен од средновековните витези кои на тој начин дознавале дали нивните сопруги пиеле вино. Според друга, бакнежот доаѓа од врската помеѓу мајката и бебето. Не се малку и оние кои веруваат дека бакнежот уста во уста е измислен од мајмуните.
Корисни работи од бакнежот!
Страсниот бакнеж го зголемува пулсот со над 100 и повеќе удари во минута. Бакнежот го зголемува нивото на хормоните во крвта и може да го продолжи животот за една минута. При страсен бакнеж се губат 6,4 калории во минута. Бакнежот ја нормализира киселоста во устата, го смирува нервниот систем и го спречува стресот.
Опасни!
Со бакнежот се пренесуваат херпес, хепатитис А и Б и други заразни болести. Но, за среќа 95% од нив не се опасни.
Парадокси!
И денес бакнежот се смета за кривично дело во државата Индијана во САД. Таму е на сила закон кој забранува “на мажот со мустаќи да бакнува човечко суштество”. Во државата Конектикат пак е забрането жените да бидат бакнати во неделата. А во Ајова локалниот шериф може да го уапси секој кој бакнува непознато лице.