86
Судири избувнаа синоќа во Хамбург меѓу неколку илјади демонстранти против самитот на Г-20 и полицијата, која употреби солзавец и водени топови за да ја растера толпата, соопшти Франс прес.
Во протестната акција под надлсов “Добредојдовте во пеколот” учествувале околу 12 илјади луѓе, меѓу кои антиглобалисти, анархисти, левичари и обични жители на градот, пренесоа агенциите.
Судирите избувнале кога полицијата се обидела да отстрани од толпата неколку стотици милитанти облечени во црно и со маски на главите, посочува БТА.
Полицајците биле гаѓаа со камења и шишиња. Меѓу настраданите бил портпаролот на локалната полиција.
Има повредени и од двете страни. Уапсени се повеќе од 100 лица.