Признание „Европска личност на годината“ за премиерот Заев

од Vladimir Zorba
89 прегледи

 

 Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев доби специјално признание „Европска личност на годината” и „Носител на позитивни промени во регионот” на манифестацијата „Најменаџер и најкомпанија за 2017″ во Сараево, важна за бизнисот во Југоисточна и Средна Европа.

Признанијата се за ангажирање по прашања од политиката, бизнисот и економијата, развивање и јакнење на пријателски, регионални и меѓународни соработки, како и за создавање услови за унапредување и подобрување на животот кај граѓаните.

Неговата порака, информираат од владината прес-служба, е дека благодари за довербата, што ја добива втора година по ред со најава дека ќе ги унапредува заедничките односи во интерес на целиот регион.

Премиерот Заев присуствуваше на традиционалниот бизнис собир, што се одржува 36. пат во Сараево, во организација на Независната европска агенција, Европско здружение на менаџери и списанието Еуроменаџер, во партнерство со надворешно-трговската комора на БиХ, на која годинава доби признание како премиер, а лани ја доби наградата за најдобар градоначалник во Југоисточна Европа за 2016 година.

Премиерот Заев денеска во Сараево се сретна со претседавачот на Советот на министри на БиХ, Денис Звиздиќ, а вечерва има работна вечера и со хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ.

Пораката на високо политичко ниво од Сараево е дека постои силна определеност за меѓусебна соработка со цел интеграција на целиот Западен Балкан во ЕУ и НАТО/МИА