Обвинетиот експремиер во „Титаник“ Никола Груевски, како и останатите обвинети: Гордана Јанкулоска, Мартин Протоѓер, Миле Јанакиески и Кирил Божиновски, од тричлениот кривичен совет во Основниот суд Скопје 1 минатиот викенд првично добиле притвор.

Но, со помош на претседателката на советот, која веднаш му јавила на претседателот на Основниот суд Скопје 1 Стојанче Рибарев за соодносот на гласовите од 2:1 за одредување притвор, незаконски бил тргнат од советот еден од судиите во советот.
СДК не ги објавува имињата на претседателката и членовите на советот и на судијата кој бил вратен од Битола за да гласа против притворањето на Груевски, со оглед на тоа дека составот на советот е таен.
Во Кривичниот суд не одговорија како и покрај тајноста на оваа информација адвокатите на Груевски и останатите обвинети дознале кои судии седат во советот. Ова дава одговор зошто толку доцнеше „гласањето“ за притворот на Груевски и останатите обвинети од СЈО во случајот „Титаник“, па одлуката место во саботата во 21.40, беше соопштена дури во понеделникот попладне, објаснуваат нашите соговорници од Основниот суд Скопје 1.
…
текстот во целост прочитајте го тука