Андов: Неопходен е договор, Борисов и Заев да не робуваат на стари предрасуди

од Vladimir Zorba
85 прегледи
Договорот меѓу Бугарија и Македонија е неопходен. Немаме работи за кои со Бугарија не можеме да се разбереме. Има и чувствителни прашања, но тие бараат искреност, решителност и добра волја, вели поранашениот собраниски спикер, Стојан Андов.

„Овој договор е нужен и многу добар. На тој начин ќе ја подобриме ситуацијата (атмосферата) , не само меѓу Бугарија и Македонија, туку генерално во целиот регион. Според мене, по потпишувањето на договорот односите целосно ќе се нормализираат и ќе имаме блиски, добрососедски односи““, изјавил Андов за БГНЕС.

Тој очекува некои работи да се одложат, но договорот треба да ги зацрта основните насоки.

Денеска, како што вели, нема вистинска сообраќајна комуникација со Бугарија. Таа е многу бавна, и кај НовоСело-Петрич, и кај Крива Паланка и Ѓуешево.

„Но, ако направиме добра врска меѓу Бугарија и Македонија, ако имаме и енергетска врска, со оглед дека многу гасоводи минуваат низ Бугарија, о со тоа полза ќе имаме и ние и вие“, оценува Андов.

Тој има и совет за премиерите на двете земји, па вели дека ако има можност да седне на иста маса со Бојко Борисов и со Зоран Заев, ќе им каже да не робуваат на стари предрасуди.

„Светот е сменет. Денеска е неопходно да имаме широк поглед за да можеме да бидеме носители на претстојните процеси, а не да бидеме пречка. И двајцата многу ми се допаѓаат. Идат подобри работи за сите нас“, заклучува Андов.