Секој кој ќе го опструира потпишувањето е под влијание на Москва.

Екатерина Захариева вчера изјави дека националниот интерес на Бугарија бара подобрување на односите со Македонија
Министрите за надворешни работи на Бугарија и Македонија – Екатерина Захариева и Никола Димитров викендов ќе ги финализираат сите детали околу Договорот за добрососедство . Двајцата дипломати ќе разговараат денеска и утре (8 и 9-ти јули) во Софија.
Локално.мк потсетува дека вчера премиерот Бојко Борисов рече дека Бугарија ќе и помогне на Македонија да влезе во НАТО. Договорот за добрососедство, кој очекуваме да го потпишеме во август, е многу важен, смета Борисов. “Треба како на најблизок сосед и народ да ги оставиме историчарите да се расправаат, но поголемата тема е Македонија во НАТО и ЕУ, смета премиерот.
Подобро ли е за Бугарија една наплив од немири на нашата граница?
Договорот за добрососедство треба да помине и ако него не можеме да го потпишеме, за што друго да зборуваме “, запраша премиерот.
Тој забележа на влијанието на Србија, на Грција, на САД, Русија, итн , Но “мислам дека интересот на Бугарија е да помогнеме Македонија да влезе во Северноатлантскиот пакт”, истакна Борисов.
Министерот за надворешни работи Екатерина Захариева вчера изјави дека националниот интерес на Бугарија бара подобрување на односите со Македонија. Ако сега кај оваа добронамерност од страна на Македонија, не го потпишеме договорот за добрососедство, кога ќе го потпишеме, истакна таа.
Според Захариева многу е важно конкретното потпишување на договорот за добрососедство, бидејќи е знак дали навистина Македонија ќе го промени својот став.
“Се случија многу работи од нивна страна – како прекин на дејствија од страна на институциите , па навредлива репутацијата на Бугарија во меѓународни институции. Ако сега кај оваа добронамерност од страна на Македонија, не го потпишеме овој договор, кога ќе го потпишеме, посочи министерот за надворешни работи.
Експертите за договорот

