Шестгодишниот Бредли Лаури чија историја плени милиони, починал вчера попладне. Бредли се бореше повеќе од 4 години со ретка форма на рак – неуробластома.

Бредли беше страствен навивач на “Сандерленд” и англиската репрезентација. Две од соништата му беа остварени – стана маскота на “црните мачки” и се состана со својот миленик – голгетерот на тимот Џермејн Дефо. Двајцата станаа интересен тандем и Дефо често го посетуваше детето, за да му даде храброст.
Бредли стана познат преку социјалните мрежи, каде беше раскажана неговата историја. За кратко време малиот доби над 250 000 божиќни картички со желби за побрзо оздравување, имаше дури од далечниот Нов Зеланд.
Во декември тој се виде со селекторот на Англија Герет Саутгеит и со аналитичарот од Маtch of the Day Гери Линекер за време на наградите за Спортист на годината во Бирмингем, организирани од страна на БиБиСи.
Потоа малиот го постигна декемврискиот гол на месецот, кога даде гол од пенал пред почетокот на дуелот Сандерленд – Челзи.