Потпретседателот на САД, Мајк Пенс се обиде денеска на духовит начин да се извлече од непријатна ситуација во која се најде, откако за време на посетата на седиштето на НАСА допре парче вселенска опрема на кое стоело ознака „Не допирај“.

Фотографијата на која Пенс допира парче вселенска опрема стана „вирална“ на интернет неколку часа потоа, и предизвика шеговити коментари на сметка на потпретседателот, пренесе BBC.
„Добро е да се знае дека потпретседателот на САД има самоконтрола на ученик од трето одделение на патување кој се најал колачиња“, објави еден од корисниците на Твитер. Друг пишува дека по шест месеци работа со Трамп како претседател, „Пенс сонува за капсула за патување до студената и мирна празнина на вселената“.
По големиот број коментари на фотографијата, Пенс одлучи да се огласи и одговори на шеговит начин. На твитер напиша извинување до НАСА, посочувајќи го сенаторот на Флорида Марк Руби дека тој го подбуцнал да ја допре опремата.
Потоа на твитер објави монтирана фотографија на која место опремата допира бодликаво прасе.
НАСА на официјалниот твитер објави дека е ОК што Пенс го допрел тој дел од опремата, додавајќи дека ако не било ОК да се допре би била дополнително покриена со покривач.