(фото) Како изгледа Хамбург по антиглобалистите – пустош и кражби

од desk3
114 прегледи

Грда слика оставија  по протестите противниците на глобализацијата во Хамбург. Медиумите објавија снимки од продавници и улици, на кои се гледа големиот пустош. Искршени и опљчкани продавници, запалени автомобили, ѓубре и нечистотија по улиците – тоа е сликата која може да се види. Хамбург е домаќин на дводневниот самит на лидерите од Г-20. На улиците на градот излегоа стотици демонстранти. Против нив застанаа полицајците. Во некои од случаите дури беа принудени да пукаат во антиглобалистите, за да ги смири. Околу 500 луѓе буквално здробија голем супермаркет и неколку помали продавницата. Потоа запалија и превртеа автомобили и направија барикада од отпад и гуми. На фотографиите се гледа целосната пустош кој демонстрантите го оставија зад себе. Вкупно од почетокот на протестите се повредени над 196 полицајци.