124
Повеќето истражувања за подолго користење на чоколадо се направени со возрасни луѓе. Кај нив црното чоколадо ја подобрува мозочната функција, особено ако таа веќе е благо нарушена.
Чоколадото е корисно за меморијата поради што содржи флаваноли, објави Daily mail.
Флаванолите го подобруваат вниманието, брзината на обработката на информации, работната меморија и говорот кај постарите луѓе.
Научниците од Универзитетот во Аквила истражувале што се случува во мозокот неколку часа откако човек ќе изеде чоколадо, како и ефектот на редовното јадење. За таа цел тие ги виделе резултатите од претходните испитувања. Многу од нив насочуваат кон позитивен ефект на флаванолите врз мозокот.