Стајнмајер во Хамбург ги проценува штетите од протестите

од desk2
75 прегледи

Германскиот претседател Франк Валтер Стајнмајер го посети Хамбург за да ја види штетата до која дојде по тридневните насилни протести за време на Самитот на Групата 20 што заврши вчера.

Стајнмајер го обиколи градот заедно со градоначалникот Олаф Шулц денеска и се сретна со претставници на безбедносните сили и со неколкумина повредени.

Насилствата продолжија и синоќа иако лидерите на земјите од Г20 го напуштија градот.

Полицијата соопшти дека 144 луѓе се уапсени, а други 144 привремено притворени откако безбедносните сили употребиле водени топови против демонстрантите кои ги нападнале полицајците со метални шипки и камења.Повеќе од 200 полицајци се повредени во овие три дена во судирите. Нема извештаи за бројот на повредени демонстранти.

Германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел за весникот Билд Ам Зонтаг рече дека угледот на Германија е делумно меѓународно засегнат поради случувањата во Хамбург./РСЕ