Ирачкиот премиер прогласи победа во ослободениот Мосул

од desk2
105 прегледи

Ирачкиот премиер Хајдер ал-Абади прогласи победа над таканаречената Исламска држава во Мосул, соопшти неговата канцеларија.


Се вели дека Абади, кој е врховен командант на ирачките оружени сили, стигнал во ослободениот град Мосул, пренесува Ројтерс.

Абади им честитал на херојските борци и на ирачкиот народ на големата победа.

Ирачките сили, со помош на воздушна поддршка на чело со САД, од 17 октомври лани се обидуваат да го заземат тој град од рацете на ИД, кои пак го окупираа во јуни 2014 година.