Во Сирија стапи на сила договорот за прекин на огнот

од desk2
127 прегледи

Прекинот на огнот на југозападот на Сирија стапи на сила напладне по локално време во Дамаск.


САД и Русија постигнаа договор за прекин на огнот на југозападот на Сирија, а тоа го соопштија по средбата помеѓу претседателот на САД, Доналд Трамп, и на Русија, Владимир Путин, на самитот на Г20 во Хамбург.

Договорот за прекин на огнот до кој дојдоа САД и Русија го поздравија и Обединетите нации велејќи дека ќе ги поддржат претстојните мировни преговори.Заменикот на специјалниот претставник на ОН за Сирија, Рамзи Рамзи, рече дека се надева дека договорот за прекин на огнот ќе доведе до намалување на насилството во Сирија.

– ОН секогаш се обидуваат да ги намалат тензиите и ескалацијата на борбата, а јас мислам дека ова е чекор во вистинската насока – рече Разми.