Обвинителите „во напад“ за шеф на ОЈО

од Vladimir Zorba
95 прегледи

Најмалку четворица обвинители атакуваат на шефовската фотеља во скопското јавно обивнителство. Освен претходната обвинителка Гордана Гешковска за која Телмавеќе објави дека повторно се кандидирала за челната позиција на најголемото обвинителство во земјава, според извори на Телма нејзин против кандидат е Јован Цветановски, кој и беше заменик. Гешковска на јавноста и е позната и по предметите што ги водеше како обвинител за организиран криминал меѓу кои „Бачило“ и „Пајажна“ против Велија Рамковски кои добија завршница пред македонските судови, „Монструм“ кој се наоѓа на ревизија пред Врховниот суд, случајот „Изгрев“ што апелација го укинуваше.

 

Цветановски пак како нејзин заменик, пошироката јавност го запозна по прес конференцијата што ја одржа за слуачјот „Фабрика за афери“ против Захир Бекири Чауш а како што објавија медиумите, тој ја води предистражната постапка што обвинителството ја отвори за финасирањето на кампањата на СДСМ. Во трката влегува и обивнителот Мартин Митревски кој го водеше предметот за големиот пожар во Македонска пошта и обвинителот Расим Дреца.

Според информациите на Телма некои кандидати се пријавиле за по неколку позиции. Некаде како обвинител, некаде како шеф на обвинителство.

 Интересна битка ќе се води и за челната позиција во обвинителството за организиран криминал, каде доаѓаат предметите кои најчесто се под будно око на јавноста, а сега во раце има и дел од истрагата за „Крвавиот четврток“. Освен досегашниот вршител на должност во ова обивнителство Златко Биковски, на огласот се пријавиле и Вилма Русковска, позната по предметите „Диво Насеље“ и „Детонатор“, Лидија Раичевиќ Вучкова која го води предметот „Еразмус“ за професорите од економски и предметот „Ровер“ против Љубе Бошковски, кој Апелација два пати го укинува.

Огласот е завршен и во наредниот период ќе се прават интервјуа со кандидатите. Дали Советот на јавните обивнители ќе чекаа Собранието да го разреши актуелниот државен обивнител Зврлевски и да се назначи нов, пред да ги избира обвинителите за пониските позиции, најавија одговор во наредниот период.

Битката за наследник на Марко Зврлевски се уште официјално не е почната, а веќе јавно потврдија дека размислуваат да се пријават адвокатите Звонко Давидовиќ, Александар Тортевски, Александар Наков, нотарката Лорија Ваневска и професорот Сејфула Османи.

Паралелно и судскиот совет најави нови огласи за судии и претседатели на судови, откако ги поништи старите.

Така летово ќе се води нова битка и за претседател на Кривичниот суд, за оваа фотеља претходно се судрија поранешниот претседател Владимир Панчевски и судијата Иван Џолев.