Стопанската комора ќе поднесе иницијатива за продажба на алкохол по 19 часот

од desk2
84 прегледи

Стопанската комора на Македонија денеска ќе поднесе иницијатива до минисерството за економија за изменување на законот за трговија со која се предлага укинување на обврската за поседување лиценца за продажба на алкохолни пијалоци и отстранување на ограничувањето во однос на работното време во кое може да се врши продажба на алкохолни пијалоци, рече Елена Милевска Штребевска, оперативен директор на Стопанската комора на Македонија.

– Иницијативата произлегува од барањата на компаниите членки на здружението на трговијата и здружението на земјоделството и прехрамбената индустрија при Стопанската комора на Македонија, рече Милевска Штребевска.

Според Стопанската комора на Македонија со примената на ригорозните ограничувања во трговијата со алкохол се нанесуваат големи финансиски штети на трговците на големо и мало, како и на компаниите од домашната индустрија за производство на ваков вид пијалоци.

Како што кажа оперативната директорка на Стопанската комора на Македонија, единствена ефикасна мерка од оние кои до сега биле применети е мерката за забрана на продажба и точење алкохол на лица под 18 години, оваа мерка нема да променета.