Хрватите се решени да го спроведат во пракса она што не им успеа на останатите – да го забранат Uber. Имено, додека другите се мачеа со регулирање на работењето на компанијата, авторитетите во Хрватска се усредочија на самата апликација.

Според вестите од таму, сообраќајната инспекција веќе има побарано судска забрана за користење на Uber како несакана услуга. Зад целата приказна стои министерството за приморјето, сообраќајот и инфраструктурата, кое својата задача ја има сфатено сериозно и после сеопфатните консултации и состаноци на стручњаците од разни области кои анализираа што може државата да направи да се сузбие според нив нелегалното и неконкурентското делување на партнерите-возачи на Uber во Хрватска, се реши за овие законски прифатливи чекори.
Според сите извори, забраната за делувањето на Uber би била привремена бидејќи во моментов во Хрватска се изготвуваат измени на законот за превоз во патниот сообраќај, што значи дека таа може да влијае на нив еднакво како и на очекуваната либерализација на пазарот на такси услуги со кои би се легализирало работењето на Uber во државата.
Во позадината пак на сето тоа се настаните од минативе месеци во кои соодветни инспектори на возачите на Uber имаат изречено бројни парични казни, исклучено возила од сообраќај па дури и им ги имаат запленувано автомобилите со цел да „го стават во ред нивното нелегално работење”. Наводниците се тука заради претходно споменатите измени на законот за превоз во патниот сообраќај, после кои приказната за Uber во Хрватска можеби ќе има друг тек. Доколку ви треба илустрација за сериозноста на ситуацијата, од инспекциски извори се дознава за 170 извршени контроли, изречени парични казни во износ од 700 илјади евра, 11 запленети возила и 19 прекршочни пресуди./Авто магазин