Охридското тло се смирува- стравот се намалува

од Vladimir Zorba
101 прегледи

 Во последното деноноќие во охридскиот регион е регистриран само еден еден земјотрес. Земјотресите се проретчија –  граѓаните велат стравот полека стивнува, а опасноста се намалува.

Иако домашните гости си заминаа, странските се уште уживаат на охридската ривиера и велат дека воопшто не се потресени и не обрнуваат внимание на земјотресите кои три недели го дрмаат градот.

Синоќешниот земјотрес е регистриран во 1 часот и 18 минути и иститот бил со јачина од 2,8 степени по Рихтер на пет километри од Косел.