Глумецот Стив Витмаер, кој го позајмува гласот за жабокот Кермит во „Мапет Шоу“ веќе 27 години, се повлекува од шоуто.
Така, наредниот пат кога ќе го видиме Кермит, тој ќе звучи малку поинаку, бидејќи тоа ќе биде гласот на Мет Вогел, соопштуваат од „Мапет студиото“ на Дизни.
Вогел е во куклениот „Мапет“ тим од 1996., но досега глумеше друг лик. Витмаер пак, е во тимот од 1978., и глуми повеќе куклени ликови, но гласот за главниот лик – жабокот, го позајмува од 1990 година.