Во подрум на музеј нaјдено вино старо два века

од desk2
80 прегледи

Вино старо колку и САД најдено е при реставрација на музејот Либерти во Њу Џерси.

Музејот соопшти дека најдени се речиси три полни кутии со вино од Мадера, кои датираат од 1796 година и 42 стаклени кригли од 1820 тите.

Не е објавена паричната вредност на пронајденото вино.

Според историските извори, 13 американски колонии увезувале околу 95 отсто од произведеното вино од португалскиот архипелаг Мадеира.

Директорот на музејот Бил Шрох вели дека виното од Мадеира било најдобро за транспорт во 18 век затоа што никогаш не се расипува дури и ако се чува со векови, но како што треба.

 

Музејот е подигнат во 1760 година, како викендица за адвокатот Вилијам Ливингстон, кој учествувал на Првиот и Вториот континентален конгрес, и станал прв избран гувернер на Њу Џерси, како и потписник на Уставот на САД, Зградата од 1811 година е во сопственост на семејството Кан.