Невреме во Хрватска, град со големина на пинг-понг топче

од Vladimir Zorba
150 прегледи

   Хрватска синоќа беше зафатена од невреме по бранот жештини. Во делови од државата паѓаше град со големина на пинг-понг топче, јавуваат хрватски медиуми.

На северниот дел од Јадранот и во горските предели имаше поројни врнежи проследени со грмотевици.

Невремето во Загорје предизвика огромна штета. Голем број од жителите се жалат дека градот им ги оштетил автомобилите, јавуваат хрватски медиуми.