
Претседателот на Русија Владимир Путин пристигна на островот Валаам во друштво на мистериозен придружник или сoпaтничка. Oва се забележува од видеото објавено од телевизискиот канал “Ѕвезда”.
На кадрите се гледа како рускиот претседател се приближува кон Спас-Преображенскиот манастир со мерцедесот. Откако го паркира, тој излегува од автомобилот и оди да ја отвори задната врата на сопатникот, кој седи на задното седиште. Отворајќи ја вратата, тој му ја подава раката.

Можно е да сакал да му помогне на патникот да излезе од возилото или да го земе палтото од задното седиште, бидејќи е облечен само со кошула, соопшти tvrain.ru.
Лицето на патникот не се гледа, но од кадри обезбедени од агенција Ruptly се гелда дека на колената има црвена торба.

Самиот човек е облечен неофицијално – во облека со кратки ракави. Не е јасно дали тоа е маж или жена, но одбива да излезе од автомобилот.

Путин ја затвора вратата на автомобилот и се упатува кон храмот, каде што веќе го чекал патријархот. По посетата на Светата обител, тој си заминува со друг “Мерцедес”, но веќе во друштво на патријархот.
Запрашан да открие која е мистериозната личност од задното седиште на автомобилот на Путин, Прес секретарот му Дмитриј Песков изјави: “Поима немам”. Путин заминал за островот Валаам со минимален број новинари, открива човек запознаен со подготовката на посетата. Репортери од весници не биле поканети, повикан е единствено дописник од една државна агенција. Од телевизиите директно вклучување направила само ВГТРК.