
Негативните емоции дефинитивно му штетат на сексуалниот живот.Кај некои луѓе добрината доаѓа сосема природно. За жал, сепак, тој поглед понекогаш се покажува тешка задача, кога станува збор за долгорочен партнер.
Лесно е да покажуваме автоматски негодувања кога тој / таа не одговараат доволно на нашите потреби. Или пак остануваме во неутрална позиција.
Кога во односите со партнерот преовладува добрината, тогаш се менува атмосферата меѓу нас кои се префрлаат од сферата на негативното или на неутралното кон позитивното.
Нема што да се лажеме – ние имаме потреба од љубов и добрина, како од кислород, храна и вода. Имаме потреба од добрина и кога ја добиеме, сме во можност да даваме и примаме задоволство.
Освен тоа нервниот систем се прилагодува за секс, штом ќе се смириме. Добрината еден кон друг е проследена со желбата не само кај жените, но и кај мажите. Таа поттикнува допир и бакнежи, кои можат да бидат исклучително сензуални и дури да доведат до нешто многу топло.