Мукоски на „мука“ -тој нема кредибилитет за пратениците на СДСМ!

од Vladimir Zorba
109 прегледи

  Пратеникот на ВМРО ДПМНЕ Крсто Мукоски на мака. Не поминуваат  неговите тетарални и демек  „конструктивни  говори и укажувања “ од собранската говорница.НЕма кредибилитет,  пратениците од СДСМ го бојкотираат. За секој негов настап од собраниската говорница тие ја напуштаат салата. Така беше и вчера, тој на говорницата, пратениците ја напуштија салата.

 

 За нив тој е предавникот на парламентот, кој ги отвори вратите за да влезат насилници и да убиваат и тепаат пратеници, и не сакаат да го слушаат како зборува, велат пратениците на СДСМ. Тој шурувал со тие групи и тепачи, ги пуштил да влезат на „крвавиот четврток“ а ваму глуми парламентарец и продава парадна конструктивност- такво нешто не постои во парламентарната демократија, велат тие.Ако има малку доблест треба да се скрие и да си оди, а не да излегува на говорница.

На вчерашната  седница на која се расправаше за завршната сметка на буџетот повторно имаше реплики и контрареплики од двете страни. Во еден момент, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ почна да удираат по масите во знак на протест. По кратка дебата, беше предизвикан хаос во Собранието по што реагираше Џафери поставувајќи листа на кој на англиски пишуваше – молам за тишина!

Сакате самореплики,седете до сабајле !Џафери ги остави пратениците цела ноќ да работат