Дел од одлуките по жалбите на Специјалното јавно обвинителство и на одбраната на обвинетите во предметите на СЈО се донесени, велат од Апелациониот суд. Тие се пишуваат и треба да бидат потпишани од Кривичниот совет, но од таму не откриваат за кои предмети одлучиле ниту дали се прифатени жалбите и дали има промена на решенијата на Кривичниот совет. Се шпекулира дека имало најмалку три одлуки за притвор, но нема потврдени сознанија дали тоа е само нечија желба или одлука.

Последниот кој беше пред апелација е Небојша Стајковиќ од МВР обвинет во случајот„ Трезор“ за набаката на опремата за следење преку фирмата Финзин , као и другите и тој не се чувствува виновен ниту стравува дека ќе биде осуден. Ги уверувал судиите од апелација дека нема да избега и да му ги укинат мерките со кои судот му го одзема пасошот и тој као што соопштија неговите претходници исто бил фамилијарен човек, пренесе Телма

Овој случај не е за мастики туку за набавка на шпионска опрема за повисока цена која одела преку фирмата на братот на обивнетиот, истакна обивнителот Артан Ајро бранејќи го ставот на СЈО дека мерките на претпазливост се неопходни за овој обивнет.
Во судницата обвинителот Ајро потенцираше и дека Стајковиќ е суспендиран од МВР поради случувањата со собраниските насилства од 27-ми април, а неговиот адвокат Петар Василев реагираше да не се прејудицира одлуката на дисциплинската комисија. Адвокатот ја оспори надлежноста на СЈО за случајот „Трезор“ и рече дека е не е јасно врз основа на кои докази СЈО бара мерки за претпазливост.
Во случајот „Трезор“ покрај Стајковиќ обвинети се и поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, поранешниот началник на Петтата управа, Горан Грујовски, шефот на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски. За Мијалков, СЈО бараше мерка притвор но за случајот „Таргет“ – Кривичен му го зема пасошот, но жалбите се уште не се стасани на седница пред апелационите судии. Одлуките за жалбите на СЈО, Пешевкси и останатите обивинети кои деновиве беа на јавни седници апелација донела одлуки, но од таму велат ќе биле објавени на веб страната, не прецизирајќи дали викендов или во понеделник.
Експертската јавност коментира дека нема никаква логика да се купуваат денови за објава !? Тоа е нужно во име на законот, ако е за притвор е, ако не е не е , но не вакво пазарење со одлуки за криминалци, особено што тие се уште и политичари и функционери. Не постои таква судска пракса во светот, да им се остава толкав простор на криминалците да може да се организираат за да дејств уваат повтроно криминално вели судската експертска јавност.