“Колдплеj” го истакнаа пристигнувањата на имигрантите во САД

од Vladimir Zorba
97 прегледи

Во новото видео Британската поп-рок група “Колдплеј” го истакна придонесот на муслиманските имигранти во САД во последниот спот за песната Miracles (Someone Special).

Без директно споменување на претседателот Доналд Трамп и репресиите против имигрантите во земјата, “Колдплеј” демонстрираа дека историјата на САД е многу повеќе од европско наследство.

Видеото започнува со ѕид од стари фотографии, како со приближувањето на камерата се фиксира фотографија насликан имигрантите кои пристигнуваат на островот Елис – станицата на њујоршкото пристаниште, со која речиси 40% од Американците  го  поврзуваат своето животно стебло. Последователно на црно-белите фотографии се прикажуваат лицата на европски имигранти и нови американци од друго потекло, како што се семејството Сиките со турбан. Спотот беше пуштен уште викендов на платформата “Ју Туб”, а песната е дел од EP-то на бендот  .

Ова е второ парче од него, во кое се изразува посветеноста на пејачот Крис Мартин и останатите од групата кон хуманитарните каузи.