Во глечер пронајдени телата на двајца селани исчезнати пред 75 години

од desk2
131 прегледи

Замрзнатите тела на швајцарска двојка кои исчезнале пред 75 години во Алпите се пронајдени од работници кои работат на одржување на жичарницата, пренесуваат швајцарските медиуми.


Марселин и Францин Думолин, родители на седум деца, пронајдени се, со совршено зачувани тела, во близина на ќирачницата кај селото Шандолин во југозападна Швајцарија.

Двојката на 15 август 1942 година ги однесле своите крави на пасење и никогаш не се вратиле.

„Цел живот ги баравме, без престанок. Сакавме да им приредиме барем пристоен погреб каков што заслужуваат“, вели нивната ќерка Марселин Удри-Думолин. „По 75 години чекање и барање, оваа вест ми даде мир“, вели таа.

Полицијата соопшти дека телата се идентификувани со помош на документите најдени на надморска височина од 2.615 метри, а ќе биде потврдена со ДНК анализа.

„Телата лежеа едно до друго, маж и жена во облека од времето на Втората светска војна“, велат од компанијата Glacier 3000 која ја одржува жичарницата, а чии работници ги пронајдоа телата, совршено зачувани и ништо од нивниот имот и документи не недостасувало.

Марцелин, чевлар и Францин, учителка, имале 40 и 36 години кога исчезнале, а зад себе оставиле пет синови и две ќерки.
„Тоа беше прв пат мајка ми да отиде на таков поход со татко ми, затоа што постојано беше трудна и не можеше да се качува по глечерот. Нема да носам црнина на погребот. Белото е многу поприкладно затоа што ја претставува надежта која никогаш не ја изгубив“, додава Марцелин.

Децата, по исчезнувањето на родителите, се предадени на роднините и иако одржувале контакт, со време станале странци.