Западните дипломати го поддржат договорот меѓу Македонија и Бугарија

од Vladimir Zorba
148 прегледи

Заев и Борисов треба да потпишат договорот во почетокот на август.

Амбасадорите на Германија и Франција во Скопје го поддржаа Договорот за пријателство и добрососедство меѓу Република Македонија и Република Бугарија. Тој се очекува да биде потпишан во почетокот на месец август, за време на посетата на бугарскиот премиер на Македонија.

“Потпишувањето на Договорот меѓу Македонија и Бугарија ќе го  стабилизира дополнително Балканот. Во исто време двете држави ќе имаат повеќе можности за пријателство”, рече францускиот амбасадор Крастијан Тимоние,за телевизија “Телма”. Според него, “кога има добра волја од двете страни, кога во соседот гледаш пријател, а не непријател, тогаш може да се решат сите спорови”.

Германскиот амбасадор Кристине Алтхаузер смета дека новата влада на Зоран Заев “во многу краток рок презела многу смели чекори и еден од нив е промена на односите со Бугарија”. Таа изрази убеденост дека е можно да се дојде до решение и на долготрајниот спор за името на Република Македонија меѓу властите во Скопје и Атина.