Стравот станува поголем: Сега и Италија се стресе

од Vladimir Zorba
128 прегледи

Земјотрес со интензитет од 4,2 степени по Рихтер гја  потресе централна Италија во раните утрински часови на саботата, соопшти Националниот институт по геофизика и вулканологија на Италија.

Во моментов нема податоци за жртви и причинета материјална штета. Според податоците на Институтот потресот бил почувствуван во 04.13 по македонско време, а епицентарот му се наоѓал на 14 км. длабочина на границата меѓу провинциите Аквила, Риети и Терамо.

Станува збор за областите во близина на градот Аматриче, кој беше речиси целосно уништен со земјата по минатогодишните земјотреси, достигнувајќи дури 6,0 степени по Рихтер . БРано изутринава потреси беа регистрирани и во југозападниот дел на Македонија .

Во саботата наутро биле регистрирани два нови послаби земјотреси во Македонија.Спорес  Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC) во 3.53 часо т по локално време   бил почувствуван првиот потрес со интензитет од 2,5 по скалата на Рихтер. Тој бил на 16 километри јужно од Охрид и на 2 километри длабочина.

Вториот земјотрес исто бил со интензитет од 2,5 степени според Рихтеровата скала. Тој бил регистриран во 4.49 часот. По локално време  , на 9 километри западно од Јнковец и на длабочина од  2 километри  .