Домашната прашина води до таложење на маснотии

од Vladimir Zorba
108 прегледи

Истражувачите од Универзитетот “Дјук” во САД откриле врска помеѓу изложеноста на одредени хемикалии кои се наоѓаат во некои честички и натрупувањето на масти. Да, домашната прашина дома може да нè направи дебели, според експертите.

Според податоците на лабораториско истражување, објавено во Environmental Science & Technology, домашната прашина содржи т.н. “ендокрини натрапници”, кои можат да влијаат на балансот на хормоните поврзани со метаболизмот и да доведат до акумулација на повеќе масти.

Овие хемикалии можат да се најдат по сите предмети дома, вклучувајќи електроника, козметика и секоја друга површина.

Во претходните студии се наведува дека изложеноста на овие супстанции го зголемува ризикот од здравствени нарушувања како рак на дојка кај жените, рак на простата кај мажите, како и заостанување во развојот и хиперактивност кај децата.

Оваа студија за првпат ја анализира улогата на ендокрините натрапници во однос на формирањето на масните клетки.

Од податоците станува јасно дека овие хемикалии водат до акумулација на триглицериди. Тие се најчест тип маснотии во организмот, а високите нивоа кријат ризик од кардиоваскуларни болести или дијабетес.

Повеќе проблематично е дека според истражувањето, многу мали количества прав – дури само 3 микрограми – можат да предизвикаат несакани ефекти.