
Бугарија има интерес од Договорот за добрососедство со Македонија, бидејќи има потреба од стабилен и просперитетен сосед. Ова го изјави за бугарското радио “Фокус” проф. Александар Маринов. Политикологот коментира дека од друга страна не би било добро ако документот стане причина за внатрешна нестабилност и сериозни поделби во македонското општество.
“И ако овој договор, кој ние го сметаме за добар за нас, се претвори во извор на понатамошна нестабилност и поделби во македонското општество, тоа каква коист ќе биде за нас?
Дека ќе имаме еден документ кој Владата сака да го регистрира во ОН и да биде со обврзувачка сила.
Се рзабира тука не коментирам, и таквит крајни патриотски празнења и навредливи квалификации за нашите соседи. Тие, исто така, не водат кон позитивна насока. Но мора некако посериозно да се разгледаат овие работи. Бидејќи сега сè тече во една затворена средина.
И, конечно ќе не донесат до некои резултати и ќе ни постават пред завршена работа “, рече уште проф. Маринов.
Тој обрна внимание дека сериозни прашања како можноста за проширување на ЕУ и НАТО и приемот на земјите од Западен Балкан треба да се случуваат во услови на широка дискусија. Проф. Александар Маринов прецизира дека за овие процеси е важно постигнување на согласност во општествата на земјите од регионот.