
Британското кралско семејство објави нова слика на принцот Џорџ, во чест на неговиот четврти роденден. Сликата е направен во палатата Кенсингтон пред неколку недели. Тој е роден на 22 јули 2013 година. Престолонаследник брзо стана миленик на Британците бидејќи со своето своеволно однесување за време на јавните настапи го привлече вниманието на јавноста.
Неколку дена пред неговиот роденден, идниот крал е придружуван од своите родители на турнеја низ Европа. На заминување од Полска, тој долго се збогуваше со домаќините, а во Германија имаше можност да се качи во кабина на хеликоптер. Во септември принцот Џорџ тргнува на училиште.