Двајца британски воени лица на морнарицата се пожалија на премиерката Тереза Меј дека за време на крстарењето не можат да симнуваат порно од интернет, пишува “Тајмс” (The Times).
Приказната се случила за време на прием за членовите на ЛГБТ заедницата во градината на резиденцијата на премиерот на “Даунинг стрит” во Лондон.
Посетителите на настанот го слушнале разговорот на Тереза Меј со двајца морнари кои ѝ се пожалија на Меј од ниската брзина на интернет и ја замолиле да ја поправи ситуацијата. Таа ги уверила воените лица дека ситуацијата со интернет во подморниците може да се подобри. Како што ѝ се заблагодарил, еден од морнарите решил во детали да ѝ раскаже зошто им е потребно тоа на морнарите.
“Проблемот е што не можеме да си симнуваме порно и мораме да го прикачуваме на хард диск однапред”, рекол тој.
Морнарот очигледно отишол премногу далеку, бидејќи по признанието Меј брзо го завршила разговорот. Не е јасно дали жалбата на морнарите ќе ја поправи ситуацијата со бавниот интернет.