Лондон: Парично казнето 5-годишно девојче оти продавалo лимонада на недозволено место

од desk2
108 прегледи

Петгодишно девојче е казнето со 150 фунти затоа што продавала лимонада по цена од 50 пени по чаша на посетители на музички фестивал.


Таткото на девојчето Андре Спејсер вели дека неговата ќерка поставила штанд во близина на нивната куќа во источен Лондон додека илјадници фанови поминувале од тука одејќи на музички фестивал.

„Сакаѓе да ги развесели луѓето и беше горда на себе“, вели Андре. Тој откри дека наврзо им пришле полицајци и им објасниле дека немаат дозвола за продавање и ги казниле со 150 фунти. Девојчето почнало да плаче и рекло „Тато, тато, направив нешто лошо“.

Андре не очекувал ваква постапка од полицајците, мислел дека ќе им речат да го спакуваат штандот и да одат дома.
Портпаролот на општината му се извинил на девојчето и на негоиот татко и ги ослободил од плаќање на казната.

„Многу ми е жал што се случило ова/ Од нашите полицајци очекуваме да постапуваат со здрав разум и да имаат чувство кон специфични ситуации, и своите овластувања да ги користат совесно. Тоа очигледно не се случило овде. Никаква казна нема да биде наплатена од господинот Спајсер со кого веќе контактиравме и му се извинивме нему и на неговата ќерка“, велат од Градското собрание.