Емир Кустурица следниот филм ќе го реализира во Кина. Режисерот потпишал договор со Хонгконг Dirty Monkey Films Group.

Тој ќе биде базиран на текстови на Фјодор Достоевски од 19 век, а во моментов се работи на сценариото. “Филмот ќе раскажува за моралните дилеми од книгите на Достоевски, но ќе се развива во друга средина”, изјави Кустурица.
“Идејата е да ги покажеме основните аспекти во текстовите на рускиот писател од гледна точка на кинеското општество и така да ги приближиме идеите на рускиот писател до современата ни реалност.”
Според српскиот режисер уште ненасловениотт филм ќе се развива во современа Кина, а главниот лик ќе е жена која има проблеми со видот и нејзе и треба скапо лекување во Франција. Премиерата на неговиот најнов филм, “On the Milky Road” со Моника Белучи, се одржа на филмскиот фестивал во Венеција минатата година.