Владата ќе расправа за штетите од невремето и стратешките приоритети во 2018

од desk2
122 прегледи

Владата на Република Македонија денеска во 17 часот ќе одржи седница на која ќе разгледа информации поврзани со санирањето на последиците од поројните дождови и со причинетите штети на земјоделските култури во ресенскиот и тетовскиот регион.

На дневен ред на 16-тата седница е и Предлог-одлуката за утврдување на стратешките приоритети на Владата на Република Македонија во 2018 година. Се очекува да бидат донесени и неопходни одлуки во пресрет на активностите предвидени со воената вежба „Dragoon Guardian“ околу влегување и престојување на војска на САД на територијата на Република Македонија заради учество во заедничката вежба.

Владата ќе ја разгледа и информацијата за учеството на Република Македонија на ЕКСПО 2020 ДУБАИ, како и извештајот за извршени преговори, со усогласен текст на Договорот меѓу Советот на министри на Босна и Херцеговина и Владата на Република Македонија за заемно признавање и замена на возачки дозволи во двете земји.

На денешната седница се и предлози и одлуки за кои Владата дава мислење по барање на Собранието на Република Македонија, а кои се однесуваат на годишните извештаи и планови на повеќе агенции, регулаторни тела и јавни претпријатија. Пред министрите, како што соопшти владината прес- служба, се и предлози за одредени кадровски и други прашања во интерес на граѓаните.